Climate Science Glossary

Term Lookup

Enter a term in the search box to find its definition.

Settings

Use the controls in the far right panel to increase or decrease the number of terms automatically displayed (or to completely turn that feature off).

Term Lookup

Settings


All IPCC definitions taken from Climate Change 2007: The Physical Science Basis. Working Group I Contribution to the Fourth Assessment Report of the Intergovernmental Panel on Climate Change, Annex I, Glossary, pp. 941-954. Cambridge University Press.

Home Arguments Software Resources Comments The Consensus Project Translations About Support

Bluesky Facebook LinkedIn Mastodon MeWe

Twitter YouTube RSS Posts RSS Comments Email Subscribe


Climate's changed before
It's the sun
It's not bad
There is no consensus
It's cooling
Models are unreliable
Temp record is unreliable
Animals and plants can adapt
It hasn't warmed since 1998
Antarctica is gaining ice
View All Arguments...



Username
Password
New? Register here
Forgot your password?

Latest Posts

Archives

Какви докази има за „хокеарскиот стап“?

Што вели науката...

Неодамнешните студии се усогласени дека неодамнешните глобални температури се без преседан во последните 1000 години.

Скептичен аргумент...

Хокеарскиот стапстап е скршен

„Во 2003 година, професорот Мекитрик се здружил со канадскиот инженер, Стив Мекинтајр, во обидот да ја повтори табелата и конечно ја разоткриле како статистичка глупост. Тие откриле како графиконот е изведен од „грешки во споредувањето, неоправдано скратување или екстраполација на изворните податоци, застарени податоци, неточни пресметки на главната компонента, географски погрешни локации и други сериозни дефекти“ - кои значително влијаат на индексот на температурата. (John McLaughlin)

На прв поглед

Хокеарскиот стап е историски графикон кој датира од еден труд објавен во 1999 година. Тој ги покажал температурните варијации на северната хемисфера во периодот од речиси илјада години од 1000 до 1998 година. „Сечилото“ на стапот го претставувало брзото затоплување на крајот на 20 век. Има епохален статус, како во науката за климата, така и во матниот свет на науката-дезинформации, каде што, нормално, е презрен од сите и секој посебно.

Приговорите за хокеарскиот стап се различни, но главно се фокусирани на долгата рачка на стапот и податоците што ги претставува. Видливо е дека, во текот на вековите од 1000 година, не се достапни сигурни мерења на температурата. За среќа на науката, постојат работи кои опстојувале толку долго време, како што се одредени многу стари дрвја. Tие бележат во прстените на нивното дрво показател за температури, од година во година. Градинарите и земјоделците зборуваат за добри и лоши години на растење, а истото е и за природните системи. На пример, студените сушни периоди создаваат тесни и густо набиени прстени на дрвјата, додека потоплите, повлажни времиња доведуваат до пошироки распоредени.

Поважно е дека денес има многу ефективни показатели за климата од минатото, познати како индиректни показатели бидејќи тие дејствуваат наместо термометрите. Бидејќи има низа индикатори, резултатите од секој може вкрстено да се проверат еден против друг. Ако некој нов индиректен показател е добар, неговите податоци треба да се совпаѓаат со оние од другите, веќе утврдените.

Збирките на индиректни показатели содржат повеќе променливост отколку директно измерените температури. Сите го знаат тоа. Тоа не значи дека се бескорисни, далеку од тоа. Вкрстената проверка значи дека слабите податоци може лесно да се утврдат и истражат.

Конечно, поминале 24 години од објавувањето на графиконот на хокеарскиот стап. Оттогаш, работата на развивање и подобрување на најдобрите индиректни показатели е незапирлива. Подобри, подолги реконструкции на температурата станале можни. Во исто време, глобалните температури продолжија да растат. Во која било од записите за површинската температура заснована на набљудување, сите осум најтопли години се од 2015 година.


Дополнителни детали

Сигурни записи за набљудување на температурата има толку далеку во времето - во ОК назад до 1850 година и во САД до 1880 година, на пример. Значи, како да дознаеме за условите што биле поназад, стотици, илјадници или дури милиони години во минатото? Ние користиме индиректни показатели.

Индиректните показатели се работи чии мерливи својства се засегнати на одредени, добро дефинирани и разбирливи начини од варијациите во температурата и другите климатски параметри. Иако најпознатата работа на индиректни показатели била преземена со проучување на прстените на древните дрвја, многу други работи оттогаш покажале корисност на ова поле. Тие вклучуваат податоци од ледените јадра, морските и езерските седименти и фосилите што ги содржат, коралите, планинските глечери: како што одминува времето се повеќе и повеќе нешта се покажуваат како корисни во различни временски распони. Вооружен со такви алатки, палеоклиматологот може на тој начин да ги реконструира климатските услови во античко време, исто како што палеонтологот може да ги реконструира древните екосистеми, од податоците зачувани во карпите.

До 1999 година, довербата во индиректните показатели за палеоклимата била доволна за да се поврзат овие древни записи со современите набљудувања и тоа било направено во познатиот труд на Мајкл Ман и неговите колеги (Mann et al. 1999), покажувајќи дека глобалната температура постепено се оладила во последните 1000 години, но потоа нагло се покачила, почнувајќи од 20-от век. Обликот на графиконот (слика 1) изгледал како хокејски стап што лежи рамно на земја со сечилото насочено нагоре.


Слика 1: Температурните промени на северната хемисфера проценети од различни индиректни записи прикажани со сино (Mann et al. 1999). Инструменталните податоци прикажани со црвено. Забележете ја големата променливост (сива зона) додека се враќате назад во времето.

Контроверзноста, главно од фабричка природа, беснеелa околу графиконот на хокеарскиот стап во годините по неговото објавување: тој станал симболична фокусна точка во онлајн „климатските војни“ што ги карактеризирале првите две децении од 21-от век, време на често пати жестоки битки и обвинувања како дезинформаторите на кој било начин ги наѓале климатските работници.

Во меѓувреме, проширувањето на нештата за кои било откриено дека функционираат како ефективни индиректни показатели продолжило со забрзано темпо, така што до крајот на 2010-тите научивме многу повеќе за палеоклимата враќајќи се назад низ глацијациите и меѓуглацијалните периоди од квартерната и во потоплата доцна кенозојска ера. Палеоклиматската евиденција денес се протега многу наназад, низ десетици милиони години.

Сепак, назад кон пократки временски распони, друг визуелно привлечен графички приказ неодамна го создал климатскиот научник Ед Хокинс, користејќи сина боја за постудени години, црвена боја за потопли и бела боја за скоро просечни времиња. Познат како „Затоплувчки ленти“, првичниот графикон од 2018 година ги претставува температурите во изминатите 200 години, но поновата верзија (слика 2) користи широк опсег на доверливи индиректни податоци од меѓународната соработка на научници, наречени Past Global Changes 2K (PAGES2K), бидејќи ги опфаќа изминатите 2.0000 години.

Warming Stripes past 2000 years

Слика 2: Затоплувачки ленти базирани на PAGES2k (и HadCRUT4.6 за 2001-2019 година). Извор: Книга за климатска лабораторија на Ед Хокинс.

Затоплувачки ленти (Warming Stripes) е визуелно впечатлив графички приказ кој во голем дел се должи на неговата едноставност. Тоа е како хокеарски стап, но со вклучен 20 години повеќе научен напредок. Но, како и хокеарски стап, тој ги потврдува првичните наоди: дека стапката на неодамнешното затоплување е многу стрмна за разлика од било што во изминатите два милениуми.

Се разбира, како што сосема би се очекувало, направени се некои груби обиди да се поправат Затоплувачките ленти, но тие никогаш не го издржуваат нивото на контрола што научниците го применуваат на нивните збирки податоци. Графички приказ кој циркулирал во 2019 година е еден таков пример. Од некоја непозната причина, неговиот автор го прекинал периодот 2007-2019 година, и покрај тоа што податоците за температурата се лесно достапни. Дали можеби тоа е затоа што во овој период се случиле најтоплите години досега? Вие кажете ни.

Понатаму, деталното испитување на графичкиот приказ за кој станува збор во написот на CBS News покажува дека всушност бил составен со грубо копирање и лепење во Photoshop или слична апликација, толку лошо што рабовите на залепените делови се јасно видливи како се издвојуваат од горниот дел на графичкиот приказ. Како и сите дезинформации за климата, едноставно не ја издржува проверката.

Translation by Luciano Marquetto, . View original English version.



The Consensus Project Website

THE ESCALATOR

(free to republish)


© Copyright 2024 John Cook
Home | Translations | About Us | Privacy | Contact Us